Триесет години од протестите на плоштадот Тјенанмен во Кина

Кинески маж стои пред тенковите на плоштадот Тјенанмен на 5 јуни, 1989 година

Кинеските власти го зајакнаа обезбедувањето околу плоштадот Тјенанмен во центарот на Пекинг на 30 годишнината од продемократските протестите на кои се верува дека загинале стотици демонстранти. За настанот не се зборува отворено во јавноста и нема да биде официјално одбележан од кинеските власти.

Пред метро станицата на плоштадот полицијата ги проверува документите за идентификација на туристите и патниците. На странските новинари им бил забранет пристап до плоштадот и се предупредени до полицијата да не фотографираат.

Студенти и работници се собраа пролетаво 1989 година на Тјенамен да бараат демократски промени и да се стави крај на корупцијата, по што започнаа протести низ целата земја. Неколку недели по протестите комунистичките власти испратија тенкови и војници кои ги бркаа и застрелаа демонстрантите.