Трамп во Лондон, банкети и протести

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кралски банкет за Трамп во Лондон

Во рамките на тридневната официјална посета на Британија американскиот претседател Доналд Трамп беше почестен со раскошен државен банкет приреден од кралицата Елизабета. Но во Лондон и протести против Трамп.

Посетата на Доналд Трамп на Британија која е проследена со голема помпа, но и со протести против него е дизајнирана да го зајакне сојузот меѓу двете земји кој е затегнат поради различните ставови во врска со Брегзитот и трговските односи спрема Кина.

Секако и да се потврди безбедносната соработка на 75-годишнината од сојузничкото истоварување на Денот Д во Втората светска војна.

„Г-дине Претседател, како што гледаме кон иднината, уверена сум дека нашите заеднички вредности и заеднички интереси ќе продолжат да не обединуваат. Вечерва прославуваме сојуз кој помогна да се обезбеди сигурноста и просперитетот на нашите народи со децении и за кој верувам дека ќе издржи уште многу години“.

Претседателот Трамп во говорот на раскошниот банкет во негова чест во Бакингемската палата, нарекувајќи ја 93-годишната кралица „одлична жена“ рече:

„Вечерва му се заблагодаруваме на Бога за храбрите синови на Обединетото Кралство и САД кои ги поразија нацистите и нацистичкиот режим и ослободија милиони од тиранијата. Врската меѓу нашите народи беше засекогаш запечатена во таа голема крстоносна војна“.

Државната посета на Трамп на Британија беше ветена од страна на британската премиерка Тереза Меј во јануари 2017 година, кога таа стана првиот странски лидер што се сретна со Трамп, откако тој ја презеде функцијата.

Од друга страна, анкетите на јавното мислење покажуваат дека претседателот на Соединетите држави не е популарен кај Британците.