Вардар е европски првак

Стојанче Стоилов со пехарот

Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја. Со резултат од 27:24 црвено-црните ја победија екипата на унгарски Веспрем и на крајот стигнаа до слатката победа против уште еден фаворизиран противник. Екипата на Вардар имаше водство и во првото полувреме остварувајќи предност од пет гола (16:11). Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека на спротивната страна Мае реализираше 6 погодоци.