Северна Кореја егзекутирала државни службеници по неуспешниот самит?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун наводно го егзекутирал специјалниот претставник во нуклеарните преговори со САД по неуспешниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој во февруари.

Специјалниот претставник Ким Хиок Чол и четворица неидентификувани вработени во министерството за надворешни работи биле егзекутирани во март на аеродромот Мирим во Пјонгјанг откако биле обвинети за шпионажа за САД, јави весникот Чосун Илбо од Јужна Кореја. Весникот цитира неидентификуван извор од Северна Кореја.