Припадници на белградската полиција спречиле синоќа поголема група хулигани да упаднат на фестивалот „Мердита – добар ден“ на кој на белградската публика и се претставуваат современи уметници од Косово, јавува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на полициски извори. Станува збор за припадници на навивачки групи кои носеле транспаренти со знамето на Косово преку кое било грбот на Србија и натпис „Нема предавање“, а скандирале и погрдни пароли против Албанците. Фестивалот беше отворен во средата.
Спречено навивачи да упаднат на фестивалот Мердита во Белград
Припадници на белградската полиција на фестивалот „Мердита – добар ден“