Приведен капетанот на бродот вмешан во несреќата во Будимпешта

Потрага по исчезнатите во несреќата на Дунав во Будимпешта

Унгарската полиција соопшти дека го привела капетанот на бродот кој учествувал во сударот со туристичкото бротче на Дунав во Будимпешта при што седум јужнокорејски туристи загинале, а дваесетина се водат за исчезнати. „Капетанот на бродот е сослушан како осомничено лице. По сосолушувањето 64 годишниот капетан од Одеса е префрлен во притвор“, се наведува со соопштението на полицијата. Бродот за седум секунди потона во средата во центарот на Будимпешта кај зградата на унгарскиот парламент.