Папата Франциск во посета на Романија

Папата Франциск во Скопје, 07.05.2019.

Папата Франциск денеска ја почнува тридневната посета на Романија во рамките на неговите напори да ги зацврсти врските меѓу православните и катoличките верници. Околу 5 проценти од 20 милиони жители на Романија се католици. Поглаварот на Римокатоличката црква во почетокот на мај ги посети Северна Македонија и Бугарија. Папата Франциск изрази надеж дека овие посети ќе ги зајакнат врските меѓу православната и католичката црква кои се разделени од 1054 година.