Филипче: Потребна е ревизија на позитивната листа на лекови

министерот Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е потребно да се направи целосна ревизија на позитивната листа на лекови за што треба да се почека да биде донесен новиот закон, кој е во собраниска процедура. Одговарајќи на пратеничко прашање, Филипче истакна и дека исто така се работи на намалување на цените на стотина лекови, што биле зголемени.

Според него, има недостатоци во системот за снабдување со лекови, а тоа би се променило со зголемување на средствата за оваа намена и со воведување на нов систем за следење на лековите од влез во земјата односно аптеките до негово издавање.