Украинскиот Парламент не ја прифати оставката на премиерот Володимир Хројсман откако претседателот Володимир Зеленски на 20 мај повика на оставка на Владата. Само 97 пратеници гласаа „за“ оставка на премиерот, а беа потребни 226 гласови.
Гласањето е по еден ден откако кабинетот на Зеленски соопшти дека претседателот побарал од Парламентот да ги разреши министерот за надворешни работи Павло Климкин, министерот за одбрана Степан Полторак и шефот на тајната служба Васил Хрицак.