Заев: Ружин и Зафировски се ангажирани оти имаат врски во Франција

Зоран Заев во Собрание на седница за пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието одговарајќи на пратенички прашања за неговите советници изјави дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Според него, тие луѓе биле ангажирани за да им се даде можност да се градат во нашето општество и да се искористат нивните капацитети.

Пратеникот Антонио Милошоски го праша и премиерот зошто Ружин зема месечен надомест од 50.000 денари, а Љупчо Зафировски од 75.000 денари.

Заев истакна и дека тие се ангажирани, бидејќи имаат врски со Франција, кои се во корист за Владата. Ружин работел на неколку проекти, како и на привлекување на странски инвестиции од Франција. За Зафировски пак Заев порача дека не знае колку изнесува неговиот месечен надомест, но е висок, бидејќи тој поголемиот дел од времето го поминува во Франција и имал врски во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.