Неидентификувани лица поставиле транспарент на неколку јазици на статуата на советската рок ѕвезда Виктор Цои во најголемиот казахстански град Алмати во знак на протест пред претседателските избори. На транспарентот е напишано „Промени“ на руски јазик и „Казахстанска пролет“ на казахстански јазик.
Се уште никој не презема одговорност за транспарентот, но опозициска група објави видео на Инстаграм од статуата и порача дека се чекало на промени 30 години, и сега е време за тие да ја направат. Цои и неговата група Кино беа многу популарни за време на Советскиот сојуз и со нивната песна „Промени“ станаа симбол за надеж на младите за слобода и политички промени.