Зеленски во прва посета на Брисел

Новиот претседател на Украина Володимир Зеленски

Новиот претседател на Украина Володимир Зеленски наредната недела во Брисел ќе ги посети институциите на ЕУ и НАТО, соопшти денеска неговата прес служба, наведувајќи дека тоа ќе биде прва посета на Зеленски во странство.

На 4 и 5 јуни тој ќе разговара со претседателите на Советот на ЕУ и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тие ќе разговараат за безбедносната состојба во источна Украина, каде што траат судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.