Српскиот Парламент го усвои извештајот на Вучиќ за Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Пратениците во српското Собрание го усвоија извештајот за Косово, поднесен од претседателот на Србија Александар Вучиќ. За предлогот гласаа 145 пратеници, четворица беа против, а 13 не гласаа. Дел од опозициските пратеници го бојкотираа извештајот на Вучиќ.

Српскиот претседател, вчера, при поднесувањето на извештајот во Собранието, посочи дека доколку не се постигне компромисно решение „ќе има напади на Албанците”, но и дека доколку се постигне компоромис, за што е скептичен, „тогаш граѓаните за него ќе одлучуваат на референдум“.

Сепак, тој денеска не зборуваше за извештајот, туку за апсењето во Косово, оценувајќи дека „денеска бил уште еден тежок ден“.