Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор би претставувало „политичко самоубиство“, за владејачката конзервативна партија. Хант е еден од кандидатите за премиер по оставката на Тереза Меј.
Партијата на Хант на изборите за Европскиот парламент освои околу 10 отсто гласови. Најмногу гласови, околу 31 отсто доби британската Независна партија на Најџел Фараж која го покрена Брегзитот. Неговата партија се согласува на Брегзит дури и без договор.
Велика Британија треба да излезе од Унијата до 31 октомври.