Пендаровски и Вајгл на средба за евроинтеграцијата на земјата

Средба на претседателот Стево Пендаровски со Иво Вајгл, пратеник во Европскиот парламент

Европскиот совет треба да ги препознае напорите на Република Северна Македонија и напредокот на внатрешен и на надворешен план и да донесе одлука за почеток на пристапните преговори, оцениле на денешната средба претседателот Стево Пендаровски и европратеникот Иво Вајгл, известувач за земјава во Европскиот парламент.

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека на средбата биле разменети мислења за севкупната политичка состојба, тековниот реформски процес во контекст на интеграцијата на државата во Европската унија, како и за политичките состојби во Европската унија по одржаните избори за Европскиот парламент.