Најмалку тројца полицајци загинале и осуммина се ранети при жестока вооружена престрелка со мафијата во западниот дел на Мексико, соопштија надлежните. Полицијата соопшти дека ранети се и случајни минувачи. Јавното обвинителство на Мексико соопшти дека мета на нападот на вооружени лица било полициско патролно возило. Мексиканските власти не соопштија за кој мафијашки картел стои зад нападот , но според локалните медиуми во нападот учествувале над 20 возила со иницијали „ЦЈНГ“ што во превод од шпанската скратеница значи „Нова генерација Халиски Картел“.
Полицајци загинаа во престрелка со мафијашки картел во Мексико
Илустрација, архивска фотографија