Грчките политичари со повик до граѓаните да гласаат

Архивска фотографија-грчкиот премиер Алексис Ципрас

Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаат, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска е убав ден, ден на демократијата, но и ден на одговорност за сите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас откако гласаше.

“Сега е време и ден на одговорност, секој и секоја да го ратификува, да го одобри, да го заштити текот на економското закрепнување, но и мерките за поддршка и олеснување на мнозинство од општеството. Да не остави простор или отоврена можност за никој во иднина да го повлече или да го оспори тоа”, рече Ципрас откако го оствари правото на глас, пренесе МИА.

Денеска зборот е кај граѓаните, порача лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

“Целосно имам доверба во нивната одлука и сигурен сум дека утре ќе се раздени нов светол ден за нашата татковина”, речеМицотакис.

Претседателката на Движењето на промени, Фофи Генимата, откако го оствари своето право на глас рече дека граѓаните ја “затвораат вратата на екстремната десница и на популизам и го отвораат патот за прогресивни разврски”.

Лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис упати посебна порака до младите кои ги повика да излезат и да гласаат. Претседателот на Независни Грци, Панос Каменос денот го нарече празник на демократијата.

“И да запамети грчкиот народ, граѓаните кои денес ќе гласаат, ќе треба, особено за Европскиот Парламент, да изберат луѓе