Холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп денеска изјави дека препораката на ЕК за датум за отпочнување на преговори за да биде одобрена треба да помине во парламентите на сите земји членки на ЕУ, а влијание ќе имаат и европските избори кои почнува денеска.
„Би сакал да можам да ви кажам, но она што можам да го кажам е знаете добро дека изборите за Европскиот парламент се наскоро. Во Холандија тие се денеска, се чека и извештајот на Европската комисија за напредокот на вашата земја и потоа е многу важно во холандскиот Парламент и во останатите парламенти пред Европската комисија да се произнесат позитивно по однос на одлуката“, изјави Пломп кој со „ЕУ патувачкиот автобус“ беше во Делчево.