Заев ја поздрави одлуката на Богоевски за оставка од функцијата

Павле Богоевски

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата. Според него, одлуката на Богоевски е храбра и во функција на понесување одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока.

„Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание врз извршувањето на работите сметам дека е добро и тоа го искоментирав. Но, тоа е негово право на лична и морална одлука и јас ја поздравувам оставката“, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.