Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека се регистрирани 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупната бројка на досега заболени изнесува 1.625 пациенти. Според него, тоа е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години.
„Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата“, истакна Караџовски.