ДУИ против назначувањето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека одлуката на претседателот Стево Пендаровски за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање ги вознемирила сите и ставила сенка на вчерашниот ден кога Собранието ги донесе реформите на безбедносните служби.

„Одлуката е врз основа на недоволни информации и дека не е злонамерна, меѓутоа ставот на ДУИ, тука зборувам како портпарол на ДУИ во моментот е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој што бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции, затоа очекуваме во овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по неговата одлука“, порача Османи.