Отворена кривична постапка против Порошенко

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Канцеларијата на специјалното обвинитлество во Украина отвори кривична постапка против поранешниот украински претседател Петро Порошенко и за низа други високи функционери за злоупотреба на службената положба, соопшти обвинителството.

Во соопштението се наведува дека одлуката за отворање на кривична постапка е донесена во врска со именување на претставници во компанијата „Центренегро“, која е една од водечките производители на електрична енергија во Украина, јавува ТАСС.