Вселенскиот патријарх Вартоломеј во посета на Грција

Архива - Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е во официјална посета на Грција, каде беше пречекан од грчкиот заменик министер за надворешни работи Маркос Боларис на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос.“

Боларис на Твитер напиша дека со чувства на радост и чест го пречекале Вселенскиот патријарх Вартоломеј, чија дводневна посета на Атина започнува денеска. Тој исто така ќе се сретне со архиепископот Јеронисмос, со американскиот амбасадор, како и со министерот за образование и религија.

Исто така заедно со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос ќе присуствува на Центарот за геронтоилогија, грижа и поддршка во областа Виотија.