Пратениците на денешната седница со двотретинско мнозинство ги изгласаа реформските закони од сферата на безбедноста кои се значајни за патот на земјата кон ЕУ и НАТО.
Со донесените пакет закони во безбедносниот сектор се очекува да се стави крај концентрацијата на моќ на тајната полиција, а да се создаде ефикасна деполитизирана и департизирана служба во функција на заштита на државата, како и на правата и слободите на граѓаните.