Апелација пресече, Спиро Ристовски останува во притвор

Илустрација, архивска фотографија на поранешниот министер Спиро Ристовски и поранешниот премиер Никола Груевски

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, по што осомничениот останува во притвор. Судот со тоа што ја отфрли неговата жалба го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор. Ристовски, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година.

Како организатори за „27 април“ освен Ристовски осомничени се и поранешниот премиерНикола Груевски како и вработениот во УБК Никола Бошковски кои се во бегство. Потоа на списокот осомничени се и пратеникот Трајко Велјановски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски кој се наоѓа во домашен притвор.