Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од неговиот претходник Ѓорге Иванов. Од неговиот кабинет информираат дека меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции.
Пендаровски, како што се наведува во соопштението, смета дека тие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на земјата.