Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се среќава со претседателот на Парламентот, Андриј Парубиј и лидерите на политичките партии за да разговара со нив за неговиот план за распуштање на законодавниот дом.
На неговата инаугурација Зеленски изјави дека го распушта Парламентот. Се очекува по средбите тој да го потпише декретот, а согласно Уставот новите парламентарни избори мора да се одржат во рок од два месеци.