Гутереш бара ублажување на реториката меѓу САД и Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика сите страни во ескалацијата на напнатоста меѓу САД и Иран да ја ублажат реториката и да ги смират активностите. Портпаролот на генералниот секретар Стефан Дижарик повтори дека Обединетите нации биле загрижени поради заострената реторика и поради вчера истреланата ракета која по се изгледа била насочена кон американската амбасада во Багдад. „Секоја акција на теренот или реторика може погрешно да бидат протолкувани и го зголемува ризикот регионот да стане уште понестабилен“, изјави Дижарик.