Советот за општи работи на Европската унија на денешната јавна седница ќе се осврне врз повеќегодишната финансиска рамка планирана за 2021-2027 година. Дебатата ќе се фокусира врз буџетот на ЕУ за надворешни активности, особено за финансирање на политиката за развој и европската политика за соседство. Советот за општи работи главно се состои од министри за европски прашања од сите земји-членки на ЕУ. Советот е одговорен е за голем број меѓусекторски области на политиката, меѓу кои и преговорите за проширување и пристапување на ЕУ.