Денеска продолжува 98-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која пратениците дискутираат по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигурување во случај на невработеност, двата во прво читање. Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера по завршувањето на општата расправа по предлог законот за вработување и осигурување во случај на невработеност во прво читање, ја прекина работата на седницата и гласањето го одложи за денеска, бидејќи, како што рече, нема кворум поради работењето на повеќе собраниски комисии.
Продолжува собраниската седница за пакетот социјални закони
Празна собраниска сала на Собранието на Република Северна Македонија