Силна експлозија одекна синоќа во Зелената зона во Багдад во која се наоѓаат седиштата на ирачката влада и на амбасадата на САД. Ирачката државна агенција јави дека ракетата паднала внатре во областа, но оти немало жртви. До нападот доаѓа во време на зголемени тензии во Персисикиот залив откако Вашингтон пред две недели испрати во таа област група носачи на авиони и бомбардери поради загриженост од закани од Иран. Вашингтон му нареди на дипломатискиот персонал кој не е неопходен да го напушти Ирак.