Српските опозициски партии се обединуваат

Илустративна фотографија

Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Заедно за Србија (ЗЗС) на Небојша Зеленовиќ и Социјалдемократската партија (СДС) на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ денес се обединија во единствена ДС.

Трите партии го објавија обединувањето на собирот во Белград под слоганот “Демократи заедно”. Усвоена е Декларација за заедничка борба за европските вредности, влез на Србија во ЕУ и враќање на киднапираната слобода.

На собирот беше прочитан Проглас за обединување во кој се наведува дека дека целта, меѓу другото, е борбата за европските вредности и владеењето на правото, а беше испратена и порака дека вратата на „новата“ Демократска партија ќе биде отворена и за други партии.