Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторно инсистираше на тоа дека ќе продолжи со купувањето на одбранбените системи С-400 од Русија и исто така дека ќе соработува со Москва за производство на С-500 системи во иднина, и покрај притисокот на САД за договорите.
"Нема апсолутно никакво сомнение дека Турција ќе направи чекор назад од купувањето на С-400. Тоа е склучен договор", рече Ердоган пред студентите од универзитетот во Истанбул.
Тој додаде дека сé уште очекува САД да и дозволат на Анкара да учествува во производство на борбени авиони Ф-35.
Вашингтон побара од Анкара да го откаже ракетен договор со Русија и да го суспендира учеството на Турција во програмата Ф-35.