Рането момче во Северна Митровица

Илустративна фотографија.

Момче од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка на шеталаиштето што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица.

Тој е во болница и моментално е надвор од опасност. Веста за Радио Слободна Европа е потврдена од заменик-регионалниот директор на Косовската полиција за северниот регион Бесим Хоти.

Мотивот за пукањето сè уште е непознат. Болницата испрати итно барање за да обезбеди крв за ранетиот млад човек.