Курц бара нови избори по видео-скандалот со руска поврзаност

Австрискиот заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штрахе


Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на нови избори по политичкиот скандал со видеото кое кое покажа дека неговиот заменик канцелар Штрахе нуди коруптивен договори на наводна руска добротворка во замена за политички донации.

Додека вчера илјадници демонстранти се собраа во Виена, канцеларот Себастијан Курц повика на предвремени избори што е можно поскоро.

"Доста е доволно", рече Курц во изјавата за медиумите. "Јас му предложив на претседателот на државата да се спроведат нови избори што е можно побргу", рече тој.

Одлуката беше донесена неколку часа откако заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штархе ја објави својата оставка од владата. Тој е со екстремно десничарската Партија на слободата, која беше во коалиција со Австриска народна партија на Курц.