Во јуни првата седница на меѓународната група на експерти меѓу РС Македонија и Грција

Средба во Солун на државниот секретар во МНР на Република Северна Македонија и генералниот секретар за меѓународни економски односи во МНР на Грција International Economic Relations in the MNR of Greece.

Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци ќе ја одржи првата пленарна седница во јуни. Ова било договорено на денешната средба во Солун на државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски и генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос. Упатени се писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои се поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.

„Ваквиот цврст чекор кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на Преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост“, стои во заедничката изјава по средбата во Солун.