Бошњаковски ја напушта Владата ќе биде дел од кабинетот на Пендаровски

Миле Бошњаковски

Миле Бошњаковски од портпарол на Владата заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

„Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист“, рече Бошњаковски.

Тој притоа му се за заблагодари на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.