Италија се залага за побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео изјави дека Италија останува на позицијата дека државата треба да ги почне преговорите со ЕУ. Тој порача дека првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори.

„Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Северна Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео кој имаше обраќање на Меѓународната академска конференција за европски интеграции „Иновирајќи ја Европа“.

Тој посочи и дека важни се реформите воправосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите.