Трамп: Иран наскоро ќе бара преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен оти Техеран наскоро ќе бара да преговара со Вашингтон. Тој ги отфрли извештаите во медиумите кои сугерираат дека имало несогласување во неговата администрација околу политиката спрема Иран. На 9 овој месец Трамп изјави дека не ја исклучува можноста од конфронтација со Иран, додавајќи: „Но, би сакал да ме повикаат“. Веднаш потоа иранските лидери одбија секакави разговори со Вашингтон. Тензиите меѓу двете страни пораснаа откако Трамп лани ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.