Британската опозиција без договор нема да го поддржи Брегзит

Илустрација

Британската опозициска Лабуристичка партија нема да го поддржи законот за ратификување на договорот за Брегзит на премиерката Тереза Мај, ако не биде постигнат компромис со владата, изјави портпаролот на партијата.

Владата неколку недели е во преговори со партијата во обид да се најде начин за усвојување на договорот за напуштање на Британија од ЕУ во Парламентот. Владата соопшти дека планира да го предложи нацрт-законот на почетокот од јуни.

"За да има поддршка од лабуристите за овој закон, ќе треба да се постигне договор, а ние немаме договор", порача портпаролот на опозициската партија.