Јанева: Одговорност за разрешницата на предметите на СЈО е кај судството

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска изјави дека одговорност за разрешницата на предметите кои ги отвори СЈО, треба да се бара во судството. Таа вели дека СЈО е само орган кој гони, а во суд има предмети кои се предадени пред речиси две години и се уште се без одлуки.

„Вината за тие работи треба да се бара во судовите“, рече Јанева, во изјава на настанот „Реформски бенчмаркови: Дали имаме реформи и зошто не?“

Мандатот на Јанева завршува на 15 септември, но ако сега се донесе нов закон, таа посочи дека не и истекува мандатот. Доколку има реизбор на функцијата, Јанева порача дека повторно ќе конкурира, оти го заслужува тоа место.

Таа истакна дека не може да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за решавање на судбината на СЈО, оти како што рече, тоа е политичка работа и таа не е во тек со политичките настани.