Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер порача дека САД мора да најдат начин за остварување напредок во односите со Русија. Тој денеска во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Помпео истакна и дека на средбите ќе се разговара за бројни важни прашања.
„За некои прашања можеби ќе се согласиме, за други можеби нема, но кога се работи за нашиот национален интерес, наша обврска е да најдеме пат за напредок“, напиша Помпео на Твитер.
Тоа ќе биде прва посета на Помпео на Русија откако беше назначен на функцијата.