Германија предупредува на напади на ИД во Европа

Припадник на милитатната група Исламска држава го држи знамето на организацијата.

Германското разузнавање предупредува на напади на милитантната група Исламска држава во Европа. Директорот на Федералната служба за заштита на Уставот Томас Ханделванг изјави дека организацијата продолжува да дејствува, а пример за тоа се нападите во Шри Ланка.

Според него, продолжува ширењето на пропаганда од страна на поддржувачите на Исламската држава и таа пропаганда повикува на напади врз цели на Запад.