Повторно отворен случајот за Асанж за силување

Ева Мари Персон

Шведска повторно го отвори случајот против основачот на Викиликс Џулијан Асанж за силување, објави заменичката-директорка на Шведското Обвинителство, Ева Мари Персон, објавија новинските агенции. Барањето за повторно отворање на истрагата го поднесе адвоката Елизабет Фриц која застапшува жена која тврди дека е силувана од Асанж за време на посетата на Шведска во 2010 година.

Асанж кој моментално е во затвор во Велика Британија ги негира обвинувањата. Британските власти ќе одлучат дали Асанж ќе го испорачаат на Шведска или на Соединетите држави кои исто така го бараат поради објавените доверливи воени и дипломатски документи на Викиликс.