Британија, Франција и Германија загрижени за ситуацијата во Сирија

Маж седи на урнатините на објект кој бил цел на воздушен напад во Сирија

Британија, Франција и Германија повикаа денеска да се стави крај на воената ескалација во западна Сирија и изразија загриженост за неодамнешното насилство при кое загинаа повеќе од 120 цивили.

Минатата недела сириските сили поддржани од Русија започнаа копнени операции против бунтовниците во покраината Идлиб.

Во соопштението на британското министерство за надворешни работи е наведено дека воздушните напади на населени места, како и врз цивили, хуманитарни организации, училишта и медицински установи претставуваат прекршувања на меѓународното хуманитарно право.