Министерството за правда чека ВМРО-ДПМНЕ да се премисли за СЈО

Министерката за правда Рената Дескоска

Од Министерството за правда за МИА потврдиле дека чекаат сигнали од ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставот и повлекување на нивното барање за амнестија откако и на последните преговори меѓу власта и опозицијата не беше постигнат договор за Законот за јавно обвинителство.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите. Усвојувањето на законот е еден од условите за добивање позитивен извештај од Европската комисија.