Во Ерменија започна судењето на поранешниот претседател Роберт Кочаријан кој е обвинет за соборување на уставниот поредок на неколку недели пред да ја напушти функцијата во април 2008 година. На првото рочиште се расправаше дали тој треба да биде пуштен со кауција или да биде префрлен во домашен притвор.
Кочаријан е обвинет дека спротивно на законот им наложил на безбедносните сили да употребат сила против опозициските демонстранти кои протестираа за наводни нерегуларности на претседателските избори во февруари, 2008 година. Во немирите загинаа 8 демонстранти и двајца полицајци. Кочаријан беше претседател д 1998 до 2008 година.