Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека документите за распишување на потерницата по поранешниот премиер Никола Груевски за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекува потерницата да биде објавен.
Тој по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување посочи дека Интерпол се уште врши некакви испитувања. Според него, потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена.