Седумдесет земји членки на Обединетите нации ја повикаа Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма, која, според нив, претставува сериозна закана за мирот.
САД, Јужна Кореја, како и земји од Азија, Латинска Америка, Африка и Европа ја потпишаа декларацијата која беше подготвена од Франција.
Русија и Кина, двете клучни сојузнички на Северна Кореја, не го потпишаа документот.