Тензиите растат откако САД воведоа нови санкции врз Иран

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Нови санкции на САД врз Иран кој се закани со збогатување ураниум

САД го зголемија притисокот врз Иран со воведување санкции за иранската металургија. До ова дојде откако Техеран соопшти дека суспендира некои свои обврски од нуклеарниот договор со светските сили постигнат во 2015 година.

Белата куќа соопшти дека новите санкции се насочени кон иранскиот сектор за челик, алуминиум, бакар и железо - сите клучни извори на приходи за земјата.

Неколку часа претходно, Иран соопшти дека веќе нема да го продава вишокот збогатен ураниум и тешката вода на други земји, како што е предвидено со нуклеарниот договор меѓу Техеран и шестте светски сили.

Исто така, се закани дека ќе ги збогати своите резерви на ураниумдоколу за 60 дена светските сили не успеат да договорат нови услови, односно да ги заштитат иранските нафтени и банкарски интереси од американските санкции.

Иранскиот претседател Хасан Рохани соопштувајќи ја одлуката рече:

„Секако, во пораката што ја доставивме до петте земји јасно им кажавме дека ако ги искористат овие чекори што ги презедовме како изговор да го упататиранскиот нуклеарен случај до Советот за безбедност, тогаш ќе се соочат со многу цврст одговор“.

Како одговор на заканите на Рохани, американскиот државен секретар Мајк Помпео и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант предупредија на реперкусии за Иран.

„И убеден сум дека додека ја гледаме активноста на Иран Британија и нашите европски партнери заедно ќе работат за да обезбедат Иран да не добие пат за нуклеарно оружје“.

„Ќе има последици, и сигурен сум дека зборувам и за моите европски колеги во тој поглед“.

До новиот ирански потег дојде на годишнината од одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече Соединетите држави од договорот чија цел беше да се спречи иранската нуклеарна програма, во замена за ослободување од санкциите.

Британија, Франција и Германија - западноевропските страни во нуклеарниот пакт - го критикуваа „несаканиот“ чекор на Иран и го предупредија да не го напушта договорот.

Русија, уште еден потписник на договорот оцени дека Вашингтон е виновен за одлуката на Иран.

Во услови на зголемени тензии меѓу Соединетите државии Иран, Вашингтонсоопшти дека распоредува носач на авиони и бомбардери на Блискиот Исток, за да испрати јасна порака до Иран дека секој напад врз американските интереси или нивните сојузници ќе се соочи со соодветен одговор.